од (предл.) - совет (имн.)

Но логотетот се смири, и со наредба царска, со указ, самиот реши: и против волјата на единаесетмина бедни и лицемерни од советот царски, сепак определи до него да седат и Филозофот и Лествичникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„А сега види, пријателе мој. Од Советот за алкохол имам овластување да не му давам на муштеријата да пие ако сметам дека испил многу.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Освен на почетокот кога за кратко ја заведе егзотиката на Солун, таа никогаш не го прифати овој град. И тој не ја прифати неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа го следеше неговиот безизразен поглед и во неговиот замолк утврдуваше дека ништо, ама баш ништо од советите што и самата му ги дава, не допираат до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)