Веќе знаете дека само делумно се разоткриени некои беззначајни поединости од случувањата! Знаете кога и каде се појави војникот на бел коњ.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Значи приказната за војникот на бел коњ почна во последните денови на југословенското кралство, во 1941, и заврши веќе во почетокот на идната година. Траеше значи помалку од една година.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Овој настан во дворот на мојот сосед беше поводот да се зафатам со темава бидејќи сметав дека доживувањата на мојот сосед се само епизода од случувањата што имав намера да ги изнесам на виделина.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)