При секој залез - излез од стварноста
заоѓање зад хоризонтот
во безмерната зона од слова
задум и ум-ооо-творби
по жестокото удирање на главата
од сводот, од ѕидот
од туѓиот свет.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Оти блажен е, среќен е оној кој ќе успее да ги спои светлината, бојата и музиката; блажен и среќен е оној што од папокот на жената љубена, од словото свое и од чашата вино ќе сотвори Едно, оти само тогаш ќе го најде, ќе го означи средето на светот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И отец Пелазгиј, Асикрит мој и царски, одговорен за библиотеката, учен многу, кому деновите на животот досегашен му се двојно помалку на број од словата прочитани.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)