од (предл.) - слика (имн.)

Една вечер враќајќи се со автомобил од некој концерт, мојот пријател Норман и јас останавме опсипени од сликата која изнурка од некој мрачен подвозник и удри во автомобилското стакло налик на ненадеен кошмар.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- „Дали некогаш сте се запрашале колку многу енергија е потребно да се создаде нешто, несебично да откинете парчиња од душата и да подарите душа?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од сликите воскреснаа и маж и жена и сласт и ужас и бог и ѓавол, божествено и сатанско, злосторник и покорник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мама со сета своја убавина ми се смешкаше од сликата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но еве сега таа одново му доаѓа во сонот, излегува од сликата на која беше качена на коњ и која му ја подари при запознавањето со неа, и му вели: „Зошто избега така налутено?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сликата личи на некоја сцена: куќата со скелето осветлена, а просторот зад нив темен, не се гледа заднина ниту има длабина; како да се спушта темна завеса зад куќата. На опачината од сликата стои: 26. IX 1936, Будимпешта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се бришат од сликите, со совршен систем позајмен од големите братски партии со поголемо искуство, осудените и непожелни соработници, ликвидираните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сетете се на комерцијалните спонзорирани ТВ програми за училиштата, на новата белетристика која колеџ-студентите ја сакаат бидејќи повеќе наликува на мрежа од слики отколку на прозен текст. 74 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Рунтави пасалки, пци пазалки, височини – можеа тука да се доцртаат и кенгури и ноеви доколку не би отскокнувале од сликата.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Присили се да се ослободиш од сликите што ги измислуваш.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Можам да ја замислам возбудливоста на тоа време, но мислам дека Ренесансата, оставајќи ги нештата надвор од сликата, го игнорира оној дел од нашата психа, којшто е малку нечист и варварски.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уметникот тежнее кон чудо, сликарот посакува неговите слики да излезат од платното, надвор од сликата и една пукнатина е доволна за пандемониумот да се лизне низ неа. 104 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум.  Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако бев запаметил приличен број од тие стихови никогаш не насобрав доволно храброст да седнам и да ги запишам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колку што можев да распознаам од сликата на сеќавањето ракописот беше мој!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа гледавме во „Распетието“, во лицето на Исус на кое има само помирување со ужасот, во лицето на неговата мајка полно со ужасен очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Точката на која е запрен нејзиниот поглед е некаде надвор од сликата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној нејзин поглед упатен кон хоризонтот надвор од сликата можеби е поглед во некоја друга реалност, таму каде што сѐ е сочувано, и каде што сѐ што било, сѐ што е и сѐ што ќе биде, ја добива својата вистинска смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајката не може да го види неспокојот на детето, а можеби сепак го претчувствува, можеби и таа знае што ќе биде, но знае дека мора да биде така, знае дека така треба да биде, и спокојна е во својата помирливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Точката на која е запрен нејзиниот поглед е некаде надвор од сликата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Целата е заштитничка – детето со грбот е потпрено на нејзината рака, а со едното рамо на нејзината лева града, токму над срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајките го споредуваа со Бога, ние со Сталина, се разбира скришум, мислејќи дека по неговото исчезнување од сликите со Тито, ќе мораме да си имаме друг Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во таа теорија на слики Витгенштајн тврди дека исказите од кои е сочинет јазикот се аналогни на низи од слики.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)