од (предл.) - сиџил (имн.)

Го допираше внимателно секој документ од сиџилите со своите долги прсти, како со пинцета, работејќи во најнеобичната балканска алхемиска лабораторија на идеи, во потрага по исчезнатото време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А Камилски беше брз, нестрплив, глобален во прифаќањето на Татковите идеи од сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко можеше да покаже спремност за предлогот на Камилски да работат заедно врз регистар на главните идеи на османските идеи на Балканот коишто произлегуваат од сиџилите, како прилог на балканските историски идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се адаптираше на секакви очила, но многу знаци од сиџилите не можеше да ги види. Се служеше и со разни лупи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)