Ја зедов картата, зачуден, изненаден и од свадбата, и од сватовите, и од свирките, и од младенците.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Добро си се решила. Сестра ми и зетот велат дека нас најмногу нѐ сакаш, па дури и не ти текнува да дојдеш кај нив. А и сваќата не си ја видела од свадбата.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Зошто, мори, колку пати си ме донесла пијан од свадба или од гости? Та само збориш за инат!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Уф, тоа ќе е нешто. Ништо не ќе разберат од свадбата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На другиот ден од свадбата, негде по полноќ, почнаа да си ги запетлуваат разградените кошули и најблиските роднини и пријатели.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)