Беличот веднаш зацрпи со грст од рибите и му ги подаде: – На, чичо.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И прскаат искри ко скрувци сол да пукаат, ко икри од риба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Од каде пак овој се разбира од риба?”, како да го прекорува неговиот поглед, но сепак му мери два таса од перкијата што му мрда под мишка уште да го заскокотка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Златна опашка од риба?! Чудна награда.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Имаше тука секогаш и коски од риби и парчиња од лук и мувлосан целер.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Под вознемирената вода, во редица како јато од риби, ‘рѓосуваше сега четата од роботи што ги конструирал пред многу години за да ја разбие својата осаменост, а потоа, свесен за својата лудост, со командата еден, два, три ги натера да одмаршираат во длабините на каналот, додека од нив се издигаа меурчиња како од шишиња.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)