од (предл.) - ранец (имн.)

Од ранецот го извлекувам албумот што со години го дополнувам со стари фотографии.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го пуштив курирот Цветан да ми донесе крпи од ранецот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Извади од ранецот два сендвича со маргарин и салама и откако се најадовме и се напивме вода од реката, дедо ми почна да ми раскажува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ајде, нека истреси некој од ранецот уште од суварките и тревата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)