од (предл.) - присуство (имн.)

Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Велам кратко, затоа што тоа беше навистина кратка посета, пред сѐ заради нетрпението што го видов тогаш кај Симона од присуство на други луѓе што, од друга страна, се совпаѓа со сведочењето на Методија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Животот во Тунис тие години беше посебно обележан од присуството на Палестинците на чело со Арафат и другите врви водачи на движењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)