Помилувањето од претседателот на републиката врз него делуваше, како што се знае, како завршен удар, бидејќи шест години потоа не пишуваше.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Едината јас ја имам и шинелата од претседателот на Земјоделската партија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Иницијативата била поздравена и од претседателот на САД, Ф.Д.Рузвелт, кој во писмото упатено до секретарот на Словенскиот комитет, Георги Пирински, го изразил своето задоволство од високиот патриотизам на детроитските Словени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И државниот секретар на САД, Кордел Хал, во писмото од 13 јануари 1942 година, во однос на обединувањето на Американците од словенско потекло, ја истакнал "полната поткрепа на нашите воени напори од страна на американските граѓани од словенско потекло кои претставуваат важен фактор во нашите производни програми во оваа тешка ситуација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Само во тој период Стејт департментот, поттикнат од претседателот Рузвелт, започнал да обрнува поголем интерес кон Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Две години подоцна, Артур Блис Лејн, амбасадор во Југославија (1937-1941), ги посочил германските намери да го прошири незадоволството во Македонија и предупредил дека комунистите исто така шират пропаганда и се обидуваат да го одржат „котелот на проблеми да врие“ колку што е можно повеќе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се врати Андре Декостер во Париз, презадоволен од високиот прием, никогаш не бил примен од претседател на република, макар што во педесетина земји ја пренесувал козјата технологија, но остануваше резервиран од капацитетот на надлежните и потенцијалните козоодгледувачи да ја разберат модерната технологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- Убава вест ни носите! рече генсекот загледан во кожниот црвен омот во кој беше копијата на текстот на пораката од претседателот Мојсов, преведена на француски јазик, на меморандум од амбасадата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Извршителот може да врши и други работи ако така е определено со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бројот на извршителите за подрачјето на основниот суд го определува министерот за правда врз основа на претходно прибавено мислење од претседателот на основниот суд – за бројот на правосилните и извршните одлуки на 45 основниот суд, а од Владата на РМ – податок за конечните управни одлуки кои гласат на парични побарувања кои би можеле да бидат предмет на извршување, како и по прибавено мислење на Комората на извршители (чл. 31, ЗИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)