Да поправа, да доправа, да суредува џамии, текиња и амами, да гради мостови, да прави нешто што никој од предците не направил, па ако не да се издигне повисоко од нив, барем да им биде рамен.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Како што на секоја стрела целта ѝ е однапред зададена според записот од предците, па она во што се нишани речиси нема никаква врска со Погодокот, така и новите песни на Поповски вежбаат тишина опасно приближивајќи му се, де на зборот, де само на вокалот каде што зборот влегува како в дом на врисоци и болки!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)