од (предл.) - прегратка (имн.)

Фимка се подослободи од прегратката на Циљка и се загледа во нејзиното лице.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неда ѝ се израдува на Митра, а Митра, кога ја виде Неда во мариовски алишта облечена, не можеше да ја пушти од прегратките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Би го дала, она парче љубов од прегратките на желбата, во лавиринтот на моите соништа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се откинуваш од прегратката: - Морам да одам. Ќе ме бара. Но не се подигаш.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Братучедите повторно срамежливо ме избакнуваа и брзо ми се измолкнаа од прегратки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)