При овие зборови сите паднаа ничкум пред везирот, во знак на благодарност; направија по неколку метании, викајќи да е жив царот, и благословувајќи ја мајка му што го родила везирот, уверени дека сигурно е од каурски род; излегоа со навирени очи солзи од радост.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
– А вие – им се обрати на сужните – ќе бидете ослободени од прангите и затворот и ќе си одите во вашето Мариово заедно со овој ваш син и брат Ангелета, како што сте го викале порано, но ќе гледате да не се посрамотите со нашиот падишах.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)