од (предл.) - последица (имн.)

Се плашеше од последиците на директивата, за кариерата, од одмазда на оние на кои беше им се замерил, со тешки последици за нив, додека беше на власт, а тие не беа малку.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)