од (предл.) - посада (имн.)

Меѓу нив бил и Героги Манасов, а меѓу багажот бил и неговиот куфер.102 Ранетите 5-6 члена од посадата, биле пренесени во француската болница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Потопувањето на „Гвадалкивир“ било планирано да се изврши недалеку од брегот, со единствена цел - бродот да се уништи, но по можност да не настрада никој од патниците и од посадата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Самиот Шатев признава дека некој од посадата бил во ходникот и дека за тоа морал да го чека додека тој не се оддалечи, за да може безбедно да го запали фитилот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Битката се водела за спасување уште на неколку члена од посадата што се нашле во долниот дел на бродот и постоела опасност да изгорат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)