од (предл.) - полиција (имн.)

Трговскиот центар на Келн е цел град за себе, зашто по неговите улици е забрането движење на авотмобили, освен на оние од брза помош и од полицијата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа беше еден полничок и активен човек, но поразително глупав, една маса од имбецилно воодушевување - еден од оние сосем несомничави, посветени аргати од кои, повеќе дури и од Полицијата на мислата, зависеше стабилноста на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не поминуваше ни ден, а шпиони и саботери што работеле под негова директива да не беа разоткриени од Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби пораката воопшто не потекнува од Полицијата на мислите, туку од некоја подземна организација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие од полицијата бидејќи мене ме знаеја... Јас божем шпион им бев...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Малку понатаму, во истиот квартал, двајца млади луѓе, засолнати во една куќа што се наоѓа покрај германското училиште, беа опседнати од полицијата и војската, врз кои фрлаа многу бомби.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Господин Жан Мартин ги знае келнерите. Во Париз тие се побезчувствителни и од полицијата. Мошне арно ги знае.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веднаш го препознавме шефот на некогашната пописна комисија, човекот од полицијата, со кожена виндјакна, сега со поиздолжени мустаци, па малку ни лекна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Луѓе со кожени палта и мустаќи обично беа од полицијата, од власта или од партијата. Нивни беа и законот и правдата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јавниот обвинител може сам да го преземе секое дејствие потребно за откривање на кривичното дело и откривање и гонење на неговиот сторител за кое со закон е овластено МВР, Финансиската полиција и Царинската управа (чл. 41, нов ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лицата кои што доставувачот ќе ги затекне на местото каде што доставата треба да се изврши, должни се на негово барање да се легитимираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По приемот на кривичната пријава или по добиеното известување од полицијата, со постапката раководи јавниот обвинител (чл. 283, ст.1 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога тоа е потребно, заради утврдување на идентитетот на лицето кое ќе се затекне на местото каде доставата треба да се изврши или заради извршување на други дејствија на доставата, доставувачот е овластен да побара помош од полиција (чл. 135, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)