Така... Јас ќе си лежам, ме разбираш, под дебелата сенка на чинарот, а таа, младата невеста, рано на сабајле, разбудена од пилето - билбил, фрас вака, фрас така со гранката - ќе ги тера од мене досадните мувишта...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се служат обилни јадења. Има од пиле млеко.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
- Има и од пиле млеко, - ми вели човекот, ем шеговито ем со блажена насмевка на лицето.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
За да ја прекинам таа неделотворна занесеност, занесеност што не произведуваше никаква жизнена мисла и никаква реченица што би била запишана како дел од мојата повест, станав и ги ставив во една чинија двете крилца што останаа од пилето кое го купив од домашното производство на Чанета од дуќанот кај мостот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќе ги вртат очите жените и ќе ги отвораат устите, како клунчиња од пилиња што зинуваат за јадење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога сфати што се случило, Дино испушти само една поспана воздишка и се сврте на другата страна од креветот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Крв почна да ми капе по чинијата, врз кожата од пилето.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Како да ми поминува со перце од пиле по неа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А да ти откријам една тајна: Правта, што се гледа, најлесно ќе ја избришеш. Што се вели, дури и со поглед.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Оди таа, одбира во газењето, а предниците од клашеникот само ѝ се поткреваат и копчињата ѝ светкаат ко очиња од пилиња.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)