Од перспективата на интенционалистичкиот начин на објаснување на следењето на правилата, ова прашање мора да изгледа апсурдно: имено, што друго може да значи тоа дека некој го сфатил правилото, освен дека тој знае што тоа правило бара?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ја откривам сликата од перспектива на детската меланхолија – дедо тивко се движи низ собата, гледајќи ме, потоа го раскрилува прозорецот, бучавата од улицата допира до мене, постепено, неумоливо губејќи се, тие проѕирни моменти што постојат само во еден сегмент на нашето минување, а чии траги се одблесоци, одзиви на нашата тага.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Не размислуваше само татко ми за Чанга од перспективите на сонот, илузиите, митот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бил потресен од перспективата за нивно уништување како резултат на поразот на Демократската армија на Грција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)