Кога упорноста ќе биде посилна од очајот, кога тагата ќе ја победиш со насмевка, а смиреноста ќе го смири немирот.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Седум влади се откажале од своите фотелји, осум претседатели липаат, девет министри од очај околу детските кревети рипаат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Јас од очај што не сфаќам што сака претседателот, беспомошно погледнувам кон Сатирот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тетка Ана се препали. - Саше, Саше, што се случило, каде беше, што ти е, смири се, Саше, престани! – викаше, го молеше, го потресуваше за рамена, го прегрнуваше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Седна на скаличките пред вратата што директно води од дворот во дневната соба и си ја фати главата со раце, мислев и косата од очај ќе почне да си ја кубе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
СОЊА: Нема да се смееш утре наутро. (Пауза) Или се смееш од очај?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Уметникот е оној кој предизвикува проблеми.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Жилберт&Џорџ: Ние бевме многу невини. Луѓето почнаа да нѐ нарекуваат дендии, но едноставно од очај.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Следното утро, откако ја нахрани мачката, си го умртви срцето за да не умре од очај, и реши засекогаш да ја заборави Марија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Одбиваше да игра со топка во дворот за време на одморот и да работи во уметничката работилница, иако поголемиот дел од пациентките со големо внимание ѝ се посветуваа на претстојната уметничка вечер.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)