Се уплашил дека полицајците за одмазда, можат да ја остават бомбата таму каде што се најдува па таа да убие некого од овчарите или од децата и се согласил да ја однесе бомбата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Прати еден од овчарите, Палилулевци, до Проќа, и нарача да му соопштат на Риза, неговиот другар во бараката, да се стави со него: има да му каже нешто. Не заборави да му нагласи на овчарот, дека тој е оној мариовец што го отепа гавазот Аќифа пред десетина и повеќе години.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш, кога Ѓоре Дамчески Џаџоски рече дека се согласува да ја отера бомбата во Прилеп, Крсте Јанчески, војводата, иако во постојани сфатки со Дамчески, дали за инает на полицајците, или за овојпат да си остане таков каков што беше секогаш, праведен, одреди уште петмина мажи, меѓу кои и најмалиот од тројцата свои синови, Тодија, да отидат на Црн Камен и да им помогнат на првите тројца да ја натоварат бомбата на колата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој пак и видел однекаде, отрчал со секирата — по врат на еден два брава, и кутнал на место. Му се загнале овчарите да го тепаат ама тој јунак, му а навртил секирата, та и еден од овчарите кутнал наместо и еве ти беља на целото село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)