Зашто започне ли неверството
саможивата фатаморгана
отцепувањето на душата од обликот
го отне ли меморијата својот демонски вртлог
во тебе можеби ќе се пресели, божем привид
птицата која се успива врз крстот на бескрајот
далеку од дното за коешто залудноста нѐ приковува
како за живот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ова е промена што се провлекува низ целата наша култура, промена која значи оддалечување од облиците и навиките на печатена страница, во правец на “terra nova”, промена речиси во целина водена од електронските комуникации.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)