Ете тоа го кажа моето дете и тоа е она што сакам да ти го кажам и тебе и на владиката.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ѝ мрдаат и ушите, 'рѓосани од носење на евтини обетки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Види ме мене кај сум врзан од стопана уште од темни зори, во оваа песочина и пржал, кај што нема едно коренче трева; не можеше да ме сопне барем во трњено, близу до патот, кај што има и прав - да си се потркалав за да си ги почешав саднава, што ми се отворени на плеќиве од носење песок со најголеми кобли, дури ја напраи летоска куќата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Си го гледам детето и не ми се верува во она што го кажува. ‚Рацете?’ - ми вели со смирен глас. ‚Рацете ми се тресат од напорот, од носењето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)