Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Што се однесува до активирањето на полиња за заштита на работничките права, вреди да се нагласи дека Зефиќ е член на здружението за заштита од мобинг, а во КСОМ е претседател и на Комисијата за мобинг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Затоа е клучно работниците, преку т.н. синдикално образование, да се едуцираат за позитивните прописи кои се однесуваат на работничките права и несебично да се ангажираат за ширење на оваа благородна идеја.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)