Кант почна со критиката на бессилноста на францускиот механички материјализам со тоа што ја оддели мислата од материјата.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Веројатно во водата има и остатоци од материи што потекнуваат од индустриски отпад!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ако воопшто постои дарба за прв допир ( прв допир и во нашата прва, и во нашата дваесетта, и во нашата педесетта година!) – дарбата го преобразува времето, ја возобновува и враќа возраста во зачеток, па како што времето не постои како некоја имагинерна и од материјата независна кондиција така и поезијата не постои надвор од времето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)