од (предл.) - манџа (имн.)

- Тих, тих што ми изнакажа, лебати! И велиш смрди од манџи, а? - Се мешаат многу миризби. Па не знаеш смрди ли, мириса ли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Си го пробија патот низ преполната просторија и ги растоварија подавалниците на масата со метална површина, на која на едниот агол некој истурил баричка од манџа, нечиста течна маса која личеше на повраќаница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сакавте да пробате пред време од манџите. Тенџерињата крчкаа цела ноќ.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Си кинеа од манџата, што се вели, од јадењето свое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае како направив, ама не ми текна устата да си ја затворам, па едно парче мозок в уста ми влета. Топло, како сега од манџата извадено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Почна да голта полни лажици од манџата, во чиј густиш имаше коцкички од некаква розеникава сунѓереста материја која веројатно беше некаква преработка од месо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога се качуваше по скалите, на чардакот кучката и куталето ја довршуваа попарата што ја беше надробила баба од манџата и лебот што не ги изеде даскалот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)