Медот ми помага во сѐ, велеше учителот, ме трезни кога сум опијанет, ме лечи од несоница, ме брани од лоши соништа, од тешко главоболие, од лудило.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Порано чувствував одбивност кон таквите суштества и за мене беше неутешно кога размислував дека така завршиле толку многу луѓе од нашиот занает…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се собиравме само ние кои, постојано или повремено, се чувствувавме приморани од лудилото да дискутираме на философски теми; на тие средби изгледавме како луѓе жедни за разговори, и истовремено како присилени на разговори, како некоја измачувачка сила во нас да не ни даваше мир а ние сакавме да ја исфрлиме од нас со зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Многу често дискутиравме за тоа зошто нормалноста и лудилото се како два различни света.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нецел месец подоцна, откако е сместен во лудницата во Сен Реми, Винсент му пишува на Тео: “Сакам да ти кажам дека направив добро што дојдов овде, пред сѐ кога ја гледам реалноста на животот на лудаците и на разни чукнати типови во оваа установа, го губам оној нејасен страв, стравот од лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа, малку по малку, доаѓам во состојба да го гледам лудилото како болест слична на секоја друга болест.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
…Кога месечевиот срп зелен меѓу пурпурното руменило завидливо се прикрадува – непријател на денот, со секој свој чекор потајно ги коси ружите, Ги коси сѐ дури не паднат, бледи, во сенката на ноќта: така паднав и јас самиот некогаш, од лудилото мое по вистината, од безумните мои копнежи по големиот ден, уморен од денот, болен од светлината, - паднав долу, во самрак, во сенка, од вистина Еднаш согорен и жеден за неа - се сеќаваш ли уште, се сеќаваш, пламено срце, како некогаш жедно беше?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
– Токму јас прогонет да бидам од секоја вистина! Единствено будалетинка сум! Единствено поет!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имам сопче со зеленосиви тапети, со две зелени завеси со боја како вода, дезенирани со многу бледи ружи, освежени со тенки крвавоцрвени цртички. …прилично ме обзема страв од лудилото кога ќе ги видам одблиску оние што боледуваат од него, каков што многу лесно можам и јас да станам во иднина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)