А тогаш сите заедно ќе се вивнат, ќе запловат, ќе јурнат, ќе се размавнат, ќе скокнат и ќе полетаат  кон Сонцето, Месечината, ѕвездите, ќе појдат над Атлантикот и Медитеранот; над полињата, дивината,  градовите и населбите; кон спокојот на небото, со раскрилените пердуви, трескавичниот шум на телото од  леталото, ерупцијата на вулкани, во застрашувачката, трескотна грмотевица; отпрвин трепет, колебање,  потоа возлет, издигање, чудесно наднесени ќе се засмеат и ќе си ги провикнат имињата во просторот.
               
             
           
            
            
              „Лек против меланхолија“
               од Реј Бредбери 
              (1994)