Од купиштата рибини отпадоци, што ги разнесуваа галебите, бели како снег, се ширеше застоена реа. Ни трошка ветар од отвореното море.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Италијанците ги навредуваат Словените, Словените Грците, Германците Русите, Французите Германија и, речиси, исто толку Англија. Мислам, сите имаат право.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во собата 17 повеќе не можела да влезе собарка од купиштата книги, гостинот морал сам да се грижи за просторијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)