А сепак, на крајот од краиштата, останува и претпоставката дека бил „фрлен скраја...“, како што пишува Нико Кочо, зашто во моментот на неговата смрт голема била омразата и желбата на селаните за некој вид линчување“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На крајот од краиштата, дури и да е овој свет, како што се вели, несовршен, сепак треба да сме убедени дека не постои нешто само по себе што на човека може да му ја земе верата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Признателност? Па добро, тоа на крајот од краиштата, и не е нешто лошо што човек може да го посакува. Човечки е да посакаш и признателност и фалба.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дента откако отпочина Бог Поворки стигнаа од краишта опашани со море И гласои доаѓаа од кај ѕвездите.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
На крајот од краиштата Арсо е непомирлив противник на робувањето. Тоа изгледа така несомнено.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И, во романот, на крајот од краиштата, токму митскиот и реалниот пролетер ќе биде во право во однос на другите слоеви на населението кое не можеше лесно да се лиши од млекото на овие кози, односно имаше потреба од овие вистински, реални кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Во мене, сепак, има некоја празнина, како пропуштена можност“, не издржав, на крајот од краиштата, да ѝ напишам на Агна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)