И кога требаше да го спуштат во гробницата, тој врисна во сонот со сета сила, како никогаш дотогаш во животот, и се разбуди од кошмарот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И можеби не само за тоа додека за миг се наднесуваше над мене и ги криеше со влакнестиот подбрадок и своите очи и птиците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не можете да се разбудите од кошмарот, освен ако некој не ве слушне и ви помогне да се разбудите.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Можеби се плашеше од тајната што ја очекуваше да ја впие со црните ноздри како мирис од засечена афионова чушка, тајна, за мене веќе помала од светот на рамностапалчестиот Марко Марикин и понезначајна од кошмарот во чии пени вријат крвави, распердушени и испокинати орли и штркови со очи црвени и слични на парче кора од печен рак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)