Инаку, поимот колгерла потекнуеше од Македонија. Од изворната од кол на кол.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Дреите спрострени на жолтото, како килибар песоче, десно од колјата, сигурно се потсушија веќе. Треба да се испрскаат. Водата и сонцето најарно ги белат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Таа станува од местото, тупка со наланите по чистото светнато калдрмче, над кое држи ладовинка стара лозница.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој многу пати велеше: кој оди од кол на кол, колот...... ќе му се пикне.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Фати сѐ надолу, како тркалото, што најпосле, се откачи од колот на оградата и се стркала надолу по брегот здробувајќи се во парчиња. ...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Гледај, чудо: им дојде денот и на дивите коњи!“ ме начека.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Велам јас: од кол, на кол - понатаму се знае каде му е редот.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Меѓутоа, пред вратата на вториот кат - како да ме чекаше - стоеше дедо Коле.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)