Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го нема ниту Дрвениот мост што го поврзуваше десниот и левиот дел на градот. Останале само делови од кејот крај реката.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Отшета од кејот на Вардар. Му се стори нечист и запустен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Плоштадот му изгледаше сосема чист како голема метла да ја измила нечистотијата што го зафаќаше сето пространство од кејот па сѐ до улицата над тврдината.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Камилски постојано се сеќаваше на букинистот Деба, од кејот Малаке, на кој Анатол Франс му посвети неколку бесмртни редови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)