Белите листови на нејзините нозе се два ножа исукани од канија. Блестат, заслепуваат. Толку.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Доаѓале баби треварки и белобради екими да ги лекуваат со секакви илачи, со тревки во јазовчево масло, им обесувале на врат лилјаци заклани со златна пара, ги прскале со крв од бели врани.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се наежува, камата се извлекува од канијата. Два-три скока и право во тилот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не помагало, Проказниците се споулавеле. Најпрвин гризале дрвја и камен, потоа ги извлекле од кании сабјите на пашите и си ги испоклале жените и децата ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Седнаа под мртво, нераззеленето дрво, потоа прашањето блесна какао истргнат нож од канија: „Таа отиде со ваш пријател?“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)