од (предл.) - казан (имн.)

Од малите куќарки покриени со турски ќерамиди, сѐ уште како доточка од казан ракија, се цедеше снегот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој молчеше загледан во желките и жабите што лазеа бегајќи подалеку од казанот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој ден не застанавме во редицата за да земеме манџа од казанот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И сето тоа не траеше повеќе од неколку минути, толку имаше вода, колку да ја натера нечистотијата да потече од нас, но не и сета да ја однесе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чешма имало само на едно место, течела одвај како ракија кога се цеди од казанот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Некоја старица рече нешто, ама зборовите се изгубија во звуците кои ги правевме во обидот да стигнеме која попрво во коритото, да заграбиме со лончето вода од казанот, да се потуриме со вода, да се затриеме и да истриеме од себе која колку може повеќе од гнасотијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)