од (предл.) - кажување (имн.)

Секретарот Јаворов, кој започна да зема и белешки од кажувањата на Цветан Горски, замоли за тишина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Чанга, кога им го читаше на своите козари овој дел од расказот, толку многу се внесуваше во настаните и ги дополнуваше, така што, во еден момент, козарите не можеа да го одделат расказот на Доде од кажувањето на Чанга. ...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште настојува да ме седне в скут, што се вели, да се осигура од кажување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да кажеш дека геј- мажите имаат својствен, посебен, карактеристичен однос со културата на поширокото општество во кое живеат не е ништо повеќе од кажување нешто крајно очигледно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако постоењето на машка геј- култура редовно се признава како факт, еднакво редовно се одрекува како вистина. ‌Да кажеш дека геј- мажите имаат својствен, посебен, карактеристичен однос со културата на поширокото општество во кое живеат не е ништо повеќе од кажување нешто крајно очигледно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби тоа било онака како што се случува завидливите да се тешат со својата морална чистота, иако, од кажувањата на Методија, можев да сфатам дека Симон не бил обземен од чувство на неуспех.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)