од (предл.) - искуство (имн.)

Улогата на „Маргиналец“ е една синтетичка професија произлезена од искуствата на Ghost-busters, Роџер Ребит, Терминатор, Бетмен и Даркмен, и која (професија) во оваа ера на тотално прешалтување, спрема сите индикации, ќе станува сѐ попопуларна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Чекај ме! - рече Бојан, па поучен сега од искуството на Денко, почна да се катери по карпата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Татко не сакаше да го наведува својот пријател да ги отвора длабоките рани во душата од кодошкото време на Голи Оток, но тоа беше за него и еден вид исцелување на големата болка пред верниот пријател во животот: Во животот засекогаш се уверив од искуството на Голи Оток дека нема поголем човеков грев од кодошењето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не поради некаква сентименталност, туку едноставно што знаеше од искуство дека многу работи што однапред ги планира човек - не секогаш се исполнуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
‌Да се потсетиме дека хомосексуалноста, како посебна класификација на сексуалното однесување, сексуална желба и сексуален субјективитет, првобитно се изнедрила од искуството и од концептот на родова инверзија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој со палтото вршеше секакви домашни работи, но внимаваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)