од (предл.) - илузија (имн.)

Ама животот е покус од илузиите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега беше дојден мигот да се лиши и од илузијата на неколкуте мигови откриено време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ослободена од илузиите, како сенка побегната од мракот, ќе те чекам зад аголот од твоите мисли.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
- „Гневот не раздели или љубовта? Судбината не порази или гордоста?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Срцето не можеш да го излажеш ниту да го украдеш животот, не постои конспиративен к’смет, ќе биде тоа што треба да биде, тоа што е судено, веќе некаде напишано за сите нас, откажете се од илузиите дека е поинаку.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вечерва ќе си ја стоплат душата покрај пламенот од илузии а потем сѐ по старо: полни очи - празни раце, студенило во домот, мразалник во душите - нивните надежи пеплосале под кладите од огревно дрво, станале гареж што им се гнезди и во сонот и во јавето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)