За човекот зборовите се повеќе од ортографски слики или фонетска целина, и поради неизбежната лингвистичка конвенција, зборовите како симболи на јазикот, не можат да се одделат од значењето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
9. Заради проверување на прибавените докази или утврдување на фактите кои се од значење за разјаснување на работите, органот што ја води постапката може да одреди реконструкција на настанот, која се врши така што ќе се повторат дејствијата или ситуациите во условите под кои според прибавените докази се одиграл настанот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Вистинскиот симбол“, пишува Хегел во Естетиката, „е во себе загадочен дотолку што надворешноста низ чиј што пат значењето треба да стигне до своето расветлување, сѐ уште останува различна од значењето што треба да го прикаже, па затоа симболот е подложен на двојност, и во таа смисла треба да се третира ликот. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 245
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна (чл. 289, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Законот за мирно решавање на работните спорови (2007), 1 кој е lex specialis за проблематиката на т.н. вонсудско расправање спорови со работна тематика, ги уредува начинот и постапката на мирно решавање работни спорови; изборот, правата и обврските на помирувачот и арбитрите, како и другите прашања кои се од значење за мирното решавање на некои „најчести“ работни спорови – што значи не се однесува на сите видови спорови кои, евентуално, можат да произлезат од комплексот на работните односи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, одговорно лице – кое со намера да прибави противправна имотна корист за правното лице во кое работи или за друго правно лице: создава или држи недозволени фондови во земјата или во странство или со составување на исправа со невистинита содржина, со лажен биланс, процена или 270 инвентарисување или со друго лажно прикажување или со прикривање на факти ја прикажува невистинито состојбата и движењето на средствата и на резултатите на работењето и на тој начин ќе ги доведе во заблуда органите на управување во правното лице при донесувањето на одлуки, ќе се казни со затвор од една до пет години (чл. 287, ст.1 од КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Инаку, во нашиот Кривичен законик (1996) постои и кривичното дело „Злоупотреба на овластување во стопанството“ кое спаѓа во групата на казнени дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со истата казна ќе се казни и тој што ќе отстрани или уништи докази што се од значење за постапката пред суд или управната постапка (чл. 366-а, КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)