Ова беа и делови од омажот, кој му го посветив на Махмуд Дарвиш, на големата вечер во катедралната црква Света Софија во августовската ноќ 2007 година.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Радост завладеала меѓу луѓето. Го врзале змејот со синџири и фртоми, ги впрегнале сите волови во селото и го искачиле змејот на брегот, го донесле до големата дупка - сандилија, на која дното не ѝ се гледало - и го фрлиле змејот внатре; ја наполниле дупката со големи камења и ја зарамниле со земја да нема трага од змејот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Пред неполни триесет години, во 1978 година, со него се најдов, како и со другите на вишинката на манастирот Свети Наум, да му ја покажам мојата варијанта на балканскиот егзил, да му говорам за подводната граница во Езерото, вардена од змејот, за нашето вечно патување преку границата, за варијантите на медитеранскиот апсурд.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На оној на Вуди Ален сигурно е обратно. Search Tips Иван еднаш пребаруваше на Гугл сликички од змејови, и сѐ му излегуваа некои што не ги бендисуваше.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Преданијата велат дека вулканот потекнува од змеј. Во старо време имало некој змеј што правел големи пакости на селото, на луѓето; им го јадел бериќетот и им ги земал најубавите девојки за жени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)