Некогаш достоинствениот дворјанин со меч на појасот и крст во срцето градел свој молитвен дом со крв и со пот на гладни шутраци, сега пред тој манастир со име Гаврил Лесновски ја пречекале дружината десетина мажи, и самите темни и суви; мислиш дошле оддалеку да стојат пред стара и крива дудинка и да го наслушнуваат умирањето на зимата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш Пандил Димулев заплакал и рекол дека ќе ја покрие јамата со земја и со камења зашто човекот гори со денови: најпрвин кожата поцрнува, полека низ неа да испари крвта, потоа месото се јагленосува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А коските? Тие не му се предаваат на огнот и живеат илјада години подолго од месото и од жилите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред сите тие луѓе стоел крестоглав човек со чабав кожув и се клештел со љубов за пролетната топлина или можеби не можел да ја поднесе сончевата штедрост; не се смеурел, лицето му го брчкала исцрпеност на каменоломник а неговата старост не можела да се прочита ни од очите ни од жилите на вратот и на рацете.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од жилите на ореовината оживувал Пустиник Во очите на Пустиникот светиот пат и самотата на сите патишта пусти што водат кон ниедно море кон ниеден град.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)