од (предл.) - друштво (имн.)

Работил човекот, печалил, ќе крка зелници — одговараа други од друштвото што одеше горе со добиците по дрва или си идеше од дрва.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А чув дека некои од оние „изворни елементи“ од Друштвото на писателите ме нарекувале „Калигула“, односно „Калегула“ со нивниот карактеристичен назален изговор.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Утрешната вечер требаше да излеземе. Беа договорени сите другари од друштвото на Стомачето. Ме праша дали да ја викнеме Елентина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сликата ги покажува необичните склоности на неколку генерации на тогашното, политички толку хаотично раздобје во Европа: склоноста кон настраното, ексклузивното, екстраваргантното, скриеното од онаа страна но постоечко во рамките на физичката, „природна“ стварност, па и за издвојување од друштвото, тежнеењето кон една посебна аристократска позиција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Понатаму, во животот често се случуваше да бидам отфрлувана од друштвото и игнорирана на најбеден начин.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
С Радев му дал полномошно на Сарафов и тој ги повлекол парите од Друштвото „Њујорк“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓу публиката се собираа повеќе видни личности, како на пример битолскиот сликар Мелников, познатата глумица Мирјана Будимировиќ од Белград, глумицата од народниот театар во Скопје Мери Потхраски во друштво на колешката Живка Срдановиќ и режисерот Јосиф Срдановиќ, госпоѓата Здравковиќ од друштвото на пријателите на уметноста „Јефимија“ од Скопје – специјално дојдена за тој настан, како и грчкиот, францускиот и турскиот конзул.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ако содружник преземе друг удел [на пример: удел на содружник кој 277 истапува од друштвото], тој не станува сопственик на два удели, туку неговиот удел се зголемува за износот на преземениот удел. 4.  Инспекторатот е орган во состав на Министерството за труд и социјална политика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, иако досега не била активна на поле на работничките права, таа е свесна за предноста од организираното и заедничко настапување пред работодавачот, во форма на синдикат, и во иднина би се вклучила само во некој независен синдикат, ако за тоа ѝ се укаже можност (бидејќи ССМ не ги признава за синдикат!).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1.  Интервјуто го водеше Александар Ковачевски, на 2.III.2011, во Битола. Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд – Битола е: П.бр. 1885/05; а пред Апелациониот суд Битола: Гж.бр. 4358/06.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)