од (предл.) - дрво (имн.)

Тој тргна полека се тркалаше лазејќи од дрво до дрво, се задскриваше зад грмушките па некако стигна до селото за да влезе скришум во подрумот по компири.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Дојде дома на посета... Го носеше тешкиот куфер од дрво, угоре по патот до селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ѓаволско време, шепотеа луѓето и бегаа под крошните од дрвјата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Околу средето на зимата се досвршија дрвата по двориштата и аскерот почна да гори сѐ она што беше од дрво направено.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со триста молби и придавачки нареди бимбашијата да не се откриваат барем половината племни во кои живеат луѓе, но затоа дојдоа на ред гредите, диреците, клештилата и желниците од самите куќи во кои живееја самите аскери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од дрвјето се огласија птички. Ѕвонливо. Трепетно. Слободно. Птички. Мали. Безгрижни. Пеат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Покривот на трлото веќе беше побелен, на гранките од дрвјата исто така се наѕираа бели наслаги, само патеката пред колибата се црнееше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грмушките од дрвја, ретките згради, одморалиштата за возачите, што беа на пат, и земјата остануваа назад, додека Даниел управуваше со воланот со безволност која стана дел од неговото тело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дождот стивна и гласот на осамената птица дојде од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Низ сиот тој простор Милан имаше изградено мали базенчиња од тули и цемент, куќички за птиците како мали колипки обоени со зелена и бела боја, хранилки за птиците, како минијатурни закачалки што висеа на гранките од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас кај себе имам една штичка, кора од дрво кедрово, на која има запис со тие букви дамнешни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако ме одвоите од дрвово, тоа ќе престане да ме сонува и мене ќе ме снема!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На пример – некој се испосрал на сред собата, некој ја заглавил перницата меѓу решетките од прозорецот, трет го послал чаршафот среде собата, четврт им ги скрил под својот душек влечките на сите со кои е во собата…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И тогаш се слушна завивањето на Макс, растегнато и болно, како тажаленка на месечина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога сестра ми Роза дојде да ме посети по смртта на својот сопруг, долго седевме на мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Работните часови Макс ги минуваше во дрводелскиот оддел на Гнездо, а Добрата Душичка во шивачкиот, и на нивните средби за време на прошетките во паркот, таа ќе извадеше некакво марамче, некакво крпче, некаква престилка, што ги имаше скриено меѓу градникот и срцето, а тој ѝ подаваше коњче, цвет или ангелче, направени од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа беше во ноќница, по влечки, и додека така се мафташе меѓу нив двајцата, од нејзините џебови испаѓаа коњчиња, цветови и ангелчиња од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ги редел крпчињата, марамчињата, престилките, под и над перницата, и заспивал на нив; Добрата Душичка ги редела дрвените коњчиња, цветови и ангелчиња на масичката покрај креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога одевме по паркот, таа береше цвеќиња, или кинеше стракови трева, или откршнуваше гранчиња од дрвјата, а потоа бараше луѓе со очајни погледи, им се приближуваше, и им ги подаваше цветчињата, страковите, гранчињата. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една друга девојка понекогаш повторуваше: „Моите соништа имаат листови и гранки, моите соништа имаат стебло и кора, моите соништа имаат цветови и корења…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не просаскав како змија, туку крикнав, гласно рикнав од што занеме сѐ по полето: и жегалците, и пилците, и ветрот од дрвјето, и жегата во воздухот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ветерот го фрскаше дождот по џамовите и ги виткаше гранките од дрвјата, кои како сеништа удираа по стаклото.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
МЛАДИЧОТ: Од оној ден кога ме симнаа комитите од дрво во чии гранки ме скри мајка ми за да ме спаси од колењето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Знаеше дека е најтешко да се изддржи тоа, што во тој глас можеше да се сети, безмалку да се види, како волкот ја отвора устата, како грчот во празниот стомак му ја исправа главата, оптегнувајќи му го гркленот до крајната возможна граница на еластичноста и како секој мускул на него станува потврд од дрво, сув и истенчен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одеше со чувство дека му гази в петици на она ѕвере, што поминало тука не водејќи сметка за него; беше лесно да се чекори по тој широк пат, беше одморен чекорејќи по него, а кога навлезе подлабоко меѓу дебелите стебла под снежната сеница на крошните од дрвјата, тој можеше бесшумно да се покажува во секоја од идните долки, што му го сечеа патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ситен и грд, а ете ми ја зеде Златанка, како јаболко ја скина од дрво.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ене ја, вели Капинка, ене го гумното, ене ги скалите, вели, ене ја вратата, капавиците, оџакот, ене, сета се гледа, ми вели девојчето и покажува низ ветките од дрвјата, меѓу буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мнозина, тогаш, паднаа од дрвјата, мнозина си шинаа рака, нога, прст. На некој само им се истисна душата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А снегот само си паѓа, ги крши парошките од дрвјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ситен и грд, а ете ми ја зеде Златанка, како јаболко ја скина од дрво.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не е тоа брате, јаболко. Скини го од дрво и сокри го в пазува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зрачи од дрвјата со сѐ уште неопаднатиот жолтолистец.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во семејството на еден скржав имам неговата домаќинка била принудена да меле пченка, кочан и кора од дрвје за да си ги нахрани децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имамот чувал во подрумот разни прехранбени производи, како што велел, за црни дни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Надвор веќе беше квечерина. На гранките од дрвјата полека се палеа ѕвездите, а месечината лежерно се смешкаше во позадина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Однадвор веројатно допираше месечината, крем и зелена боја, и меките стогови на следните мириси: смирна, што дождот ја изнудил од дрвјата на булеварот; некои еротски видови бензин, кој придвижува одредени видови автомобили; сиот зеленчук од задишаното тло; наивната продорност на улицата; внатрешните мистерии на жените; и бесшумните пушкарања на стравот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Кога ти си бил млад, ние сме живееле на врвовите од дрвјата“, рече барменот, погледнувајќи во другите муштерии.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
8. ОД СЕКОЕ ДРВО НЕ БИДУВА СВИРКА - пред оваа разновидност се симиња капа: зар само свирки да трештат во циркус, некое од дрвата ќе треба и за тапан...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Слушаше како ветерот постојано гребе со ветките од дрвото на прозорците, слушаше како некоја провисната ламарина постојано потропнува во дворот и тоа го вознемируваше, онеспокојуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На тој ист колосек се растовараат дрва за огрев, а и камен јаглен за потребите на претпријатието што тргува со секакви материјали од дрво и железни телови под името Огрев.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И само што го остави букарот на воденикот, се поткачи на кармата од дрво, ја исправи главата на калето меѓу двете сливи и викна, како секојпат што си викаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега пак, ене го каде ги брка јагнињата во дедо Маловото асло, ждребето по ливадите и децата на чаирот. Од дрвата направи цела променка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Работил човекот, печалил, ќе крка зелници — одговараа други од друштвото што одеше горе со добиците по дрва или си идеше од дрва.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпознатите примероци хараат од Рампа до Цементара. дек – платформа од дрво што не го јадат црви.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Сега кога њутновите закони станаа ограничени закони, статичните уметнички скапоцености од дрво, мермер, платно и метал станаа бледи куриозитети, а нивната вредност е бесмислено надувана со добро рекламираната „раритетност”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По многувековното слушање единствено благи и тивки ветриња, слушањето лисја што паѓаат од дрвјата и трева што меко расте додека снеговите се топат, Ушите сега се подмачкаа, ги навлекоа затегнатите, големи опна по кои дамарите на освојувачите трепереа како лесен лепет на крилја од некој комарец.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кај Михаил Ларионив постоеше наклонетост кон детската уметност, но само како еден дел од неговиот поширок интерес за природни, примитивни, често вродени извори на инспирација, вид­ливи кај руската фолклорна уметност, сликарите аматери или таканаречени „лубок” цртежи (популарен вид на анонимни, најчесто посветени на нешто, насликани блокови од дрво).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овие извори се посматраа во директна релација со автентичното руско детство над кое потоа се надградуваше целокупната култура.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
МИХАЈЛО: Се враќаме со татко од дрва, дојдовме до дворот, тишина, влеговме во манастирот, локви крв, сите заклани.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
КИРО: Што се работи овде? Ти си пак овде. Што правиш тука? АНГЕЛЕ: Од дрво нозе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Јас во моето детство бев изложен на поинаков вид опасности: можев да се исечам, да ме касне змија, да се набодам на трн, да се отрујам од некој див плод, да паднам од коњ, од дрво, да ме набоде вол и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Дрварите, кога доаѓаа од дрва, секогаш имаа по некое полено в седло за кога ќе поминат кадешто ги собиравме дрвата, да можат да фрлат некое.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сајната е целата направена од дрво и поставена на две страјници наместо тркала и така, натоварена со снопје или со сено, се влече од ѕевгар волови.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Боже пази да гибнеме од дрвата што беа за Коледе пред да дојде времето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Надвор беше темница кога си заминаа, ама ветрот и во темницата ги виткаше гранките од дрвјата и ја креваше пепелта од патот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ги позлатува покривите, си прави место меѓу ѕидовите и оградите, го цеди медот меѓу гранките од дрвјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги гризат и корите од дрвјата, ги разрануваат непцата и вилиците, плачат глуво и насуво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ники била верверица што скока од дрво на дрво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само уште крвта му капеше озгора, од дрвото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги џвака огнот гранките, се дели кората од дрвото. 'Ржат коњите, пиштат змиите, и сѐ бега ко без глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се попушта едната од другата, не се откинува лесно гранката од дрвото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Од дрво ли падна, од облак ли слета?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)