Едно парче од граната или од куршум, фиу, фиу, иди, ме бара мене.
               
             
           
            
            
              „Пиреј“
               од Петре М. Андреевски 
              (1983)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Ѝ растеше Трајан како што растеа врбите; доаѓаше до работ на смртта и пак оживуваше; растеше во немаштија, во болести, во војни и сѐ издржуваше и сѐ трпеше како што и сега ја трпи раната на раката и слабината останата од гранатата.
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  9   Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Куршум или парче од граната го погоди и што мислиш дека имаме време да ги закопуваме и да им пееме химни?
               
             
           
            
            
              „Големата удолница“
               од Петре Наковски 
              (2014)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Кога почна црквата да се поправа од гранатите што ја продупчија, се реши да се направи и нов иконостас на местото на стариот што изгоре.
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Зашто разбрав во болницата: тие што останале во ровот, веднаш по моето пренесување во болницата, изгинале од гранатите...“
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)