Ана во вториот круг е гејша. Сублимно се движи, но сепак, помислува Љубовникот, „You are my destiny“ од грамофонот бара партнер.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Набрзо по враќањето во Берлин, умира на 6 јули 1959. George Grosz, 1917 (фрагмент од писмо) Јас со поглед потполно продирам и таа работа за мене се единствените емоции (треперлива возбуда, бучниот уличен фронт на хартија!, или, ах!, вртење на ѕвезденото небо над црвената глава, електрично место на сликата, ѕвонат телефони, породилни врисоци, додека челичните ножеви мирољубиво дремат во запурноста на џебовите на подведувачите - а исто така и лавиринти од огледала, нивната улична волшебна градина! каде што Кирка ги претвора луѓето во крмаци, комичен тиролски шешир со перце, или rumms-tumm-tidle-walk во Патепон, каде што слушателот се фаќа за уво и музика од грамофон, палми од лаѓите со коишто продолжуваш, или песни на штитовите, или златниот штит, коло од букви - а вински црвеното, ноќите што локаат вино, во кои месечината е блиску до инфекцијата и до запцуениот кочијаш и каде што во прашливиот подрум се случува убиство со давење), ох, емоциите на големите градови! George Grosz, 1924 За да достигнам до стилот којшто... ја одразува нескриената суровост и немилосрдност на моите објекти, ги проучував драстичните манифестации на уметничкиот нагон.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Порано повремено го запознавала со состојбата во Пансионот, со приходите и расходите, а сега никако; порано секоја вечер спиела со него, му читала весници и книги, му пуштала музика од грамофонот; а сега никако; дури и кога ќе се разбуди преку ноќ, неа ја нема крај него на креветот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Со одминувањето на времето, пијалокот ја загреа, нејзината напнатост почна полека да омекнува, погледот да ѝ ја губи острината, лицето да ѝ се ослободува од грчот, снагата да ѝ се размрдува и со прстите да потчукнува на масата под тактот на музиката од грамофонот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)