А си се пораспашала малце да и поистресиш б'ите, ете ти а некоа чанта, се враќа од градините, ќе ти се истресе и ќе те затече распашана; ја некој косач, гумнар, жетвар.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во градината се ширеше миризбата на печеното од под сачот, на различните цвеќиња, на свежината која допираше од здивот на блиската река, од миризбата на печеното тесто со различни вметоци што се ослободуваше од подотворениот сач.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа што ѝ недостигаше го купуваше на блискиот зелен пазар, а вишокот зарзават од градината им го даваше на блиските соседи со кои на есен подготвуваше туршија и друга зимница за зимскиот период.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
О, тоа благословено стребло на јаболка со жолто лисје на гранките и окружено со цветови од градината на Јуда – уште ме чека!
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
На куќата - во - себе како да си отворил девет џама низ нив да и влегуваат другите куќи, парче небо, една црква со осум кубиња и со еден крст, две трепетлики, една остарена слива, еден орев што сам си го засадил, неколку џунџулиња од градината, со нив неколку полжавчиња, три-четири пеперуги, две кошници пчели и осум осилници со оси, стршлен некој и една полна месечина од која ќе се плашиш и ќе стреперуваш, зашто преку џамот и преку очите, таа влегува во тебе, заедно со едно море кое ќе ти бранува во мислата и ќе те обеспокојува и ќе те полудува.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И така отидов од градината и камен тежок врз вратничето кладов и трње на појасот ѝ обвив.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
„Секому велам“, почна да зборува тој, држејќи ја рачката од мотиката меѓу нозе (се враќал од градина), “на секого велам“, повтори, “не е добро на пат да имаш куќа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа може да биде крастава жаба - не таква жаба што се заглавуваше во челустите на змиите од градината, туку огромна крастава жаба со патина на рабовите од нејзиното бронзено тело, вечно крастава жаба.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Рози слушаше како звукот на рапавите и нерамномерни крикови на гавраните сѐ повеќе се оддалечуваа, и тогаш ги слушна последната анатема од Кети и веселото чуруликање на црвеношијките, кои ја споделуваа омразата на Кети кон гавраните и нејзините ревносни клетви секогаш кога ги бркаше од градината.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„На гости ти дојдов“, зад мене има војници, пеам „тебе не те најдов, Кито моме“, бегајте или фаќајте засолниште, „китка од градина“.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Од градината собра букет свежи каранфили.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се навалува пламенчето на свеќите, како да поддувнува топол ветер од градините, под црквата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ај да си допојдам, вели Неделко Сивески и излегува од градината, ми се оддалечува, ми се губи по патот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некоја далечна сорта. Може од градината на некој крал да беше украдена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)