Еднаш месечно Милан го бањаше со сапун во кадата, и тогаш Тито доаѓаше на време за да ужива во ритуалот, иако со наводенетото крзно, кое му беше залижано на розовата кожа, личеше на голем црв и беше соблечен од гордоста, исто како воените генерали кога беа облечени во гаќи за капење.
               
             
           
            
            
              „Невестата на доселеникот“
               од Стојан Христов 
              (2010)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Во следниот миг Фисот веќе беше станат и ме удираше со тупаници; по лицето, по грбот, по вратот, по слабините; паднав и тој почна да ме гази и да ме клоца; Луција врескаше, го молеше да престане, и јас слушнав како му се обраќа, интимно: „Фис, престани, те молам, престани; тој лаже, тој само се преправа дека е голем маж, те молам, Фис престани, тој ме нема допрено, јаде ќотек од гордост, Фис, тоа е сѐ!“
               
             
           
            
            
              „Папокот на светот“
               од Венко Андоновски 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Одиш по својот послан килим од гордост,  ме разминуваш во утрото, во денот, во мракот,  во сегашноста и минатото.
               
             
           
            
            
              „Разминувања“
               од Виолета Петровска Периќ 
              (2013)