— Сѐ под нож, море, ова да се кладе! Семе да не остане од овој писмилет! — му се испушти од грлото, а брадата и косата му се наежија и засугравија од гнев.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Народот се стаписа и тој тргна низ шпалирот, не престанувајќи да мава и молчи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И, од гнев кон предавството на Земанек, реков дека и сега можам да испеам, ако сакаат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие места, тие видливи шевови на текстот, најдобро го откриваат духот на времето во кое живееме; на тие места напишав нешто од гнев, од јарост, а не мислев така; и ден-денес не мислам така.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Стишен и растреперен од гнев и слабост, со уште непритивнато негодување, но привидно скротен, се качува горе и дувалото започнува да работи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дали само покојниот Дмитар-Пејко, некогаш Димитариноарие, знаеше какво чудовиште нѐ следи и чувствуваше ли тој на своето грло, како што чувствував јас, влажни и лепливи шепи на магла?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Но зошто ја бараш од мене?“ „Челник си, реков. Се заколна дека ќе се грижиш за нас. Стани и најди го крадецот.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Кога пиеше и кога пееше не повика никого да ти ја чува пушката“, се замеша Никола Влашки а јас можев да видам дека и самиот е обземен од гнев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Над нас мракот беше испресечен со зелени пукнатини, под нас земјата се грчеше од гнев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се слушаат повици дека е предавник. Предавник ли е?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Екнува синагогата од гневот на насобраниот народ.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)