од (предл.) - глетка (имн.)

Излезе командирот вчудоневиден од глетката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Возбуден од глетката и со помошта на топлината од радијаторот, почуствував, прво, како да ми се крена некој капак од главата, а потоа како се намрштив, веројатно повеќе од машката мачка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Најпосле спасени сме од глетките на бункерите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Косата на главата ми се крена од гледката на која ми укажа Турчинот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Всушност преминот од глетки и звуци кон симболи и бројки е премин за кој оние со хуманистичка склоност тврдат дека не може осмислено да се спроведе потаму од удобството на физичката лабораторија, или можеби, паркетот на финансискиот пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Почувствува лесна вртоглавица од глетката што прва му излезе пред очи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога го виде се враќа без униформата, воскликна од радост: - Добре дојде дома домаќине! – му рече веднаш при првиот поглед во дворот, кога изненадена од глетката се порадува.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)