Температурата што произлегува од горењето, од вриењето во воздухот, создава илузија зеленилото да ни изгледа сино, на поголема далечина кога пластовите на топлина се еден врз друг како завеса создадена кај ситните делови на материјата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Полека да крка на спуза сѐ додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)