Враќањето од изгубениот рај на детството содржи една евидентна прустовска резонанца, само лесна варијација нѐ дели од Потрагата по изгубеното време: ако враќањето е опишано како невозможно, тогаш враќањето (од враќањето) нему му успева!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дури сега бев вистински вратен од враќањето во родната земја. Само Бог знае од каде и како?!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Додека се враќав дома во немирот на враќањето од враќањето, длабоко во тишината на мојата душа биеја заробените звуци на скадарските катедрали во Атеистичкиот музеј, на придушените молитви на несреќните верници во земјата на тројното верување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Според Мајка, Бог кој ги услишал нејзините молитви, ме спаси од враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во атомите на генот, кои ме поврзуваа со Татко, чувствував како во нова димензија на времето се надоврзувам во скадарскиот пекол на некогашното рајско патување на Татко во Цариград и како во сон трчам во место, запирам на последната етапа од враќањето од егзил во родната земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нема зошто утре да го губиме денот. Цветот на ноќта се затворил ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Академикот и гонкуровец Морис Друон, истакнувајќи го значењето на овој роман, како и сагата во целост, како посебен придонес во европските литератури, особено во периодот на падот на идеологиите ќе запише:
Се работи за еден трагичен запис од враќањето во родната земја Албанија (во 1979 г.), која сѐ уште била под јаремот на сталинистичката ортодоксија...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сакаше да му каже дека се вратила од враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)